Пребарување
Денар
Македонски
НАША ПОНУДА
    Menu Close

    ЗА НАС

    Основање и дејност
    Металтерм ДОО Скопје е основана 1999 година во Скопје, со што станува членка од корпорацијата на Балканот која се состои од повеќе фирми распространети во повеќе држави (Грција, Романија, Србија, Бугарија... итн) успешно трае и се развива повеќе од 20 години.
    Основната дејност е увоз и трговија на 6 основни дејности: Oпрема за греење, Климатизација, Водовод, Индустриски инсталации, Нерѓосувачки материјали и Исовер минерална волна.

    Тим
    Во Металтерм има вкупно вработени 28 лица. Тимот е составен од високо стручни инженери и други професионални лица кои овозможуваат континуирана комуникација со клиентите со цел ефективно и ефикасно да им одговориме на нивните потреби како и да ги информираме околу сите новитети кои се случуваат на пазарот. Нашата цел е долгорочно да ги развиваме нашите знаења и вештини. Имаме воспоставено добри деловни односи на пазарот, каде што одржавме добра продажна позиција со висок квалитет на производите од нашите партнери. Нашиот тим има стекнато повеќегодишно комерцијално искуство заедно со голем број на професионални способности, како и добра соработка со клиентите и нивна поддршка во изборот на најповолно техничко и економско решение. Металтерм е доказ дека луѓето се сакаат почитуваат, соработувааат, заедно постигнуваат успеси, заедно дишат и живеат без разлика на границите националностите и сите непријатности со кои за жал сме оптеретени на Балканот.

    Развиток
    Во 2004 год се отвара Подружница Металтерм - Охрид на простор од 450м2 . Во 2013 година се отвара Подружница Металтерм-Прилеп на простор од 450м2 . Од 2017 година Металтерм Скопје веќе е на нова локација Ул.Фјодор Достоевски бр.72 Скопје, лоциран на простор од 4.600м2 . Во 2019 година се отвара и Металтерм – Сервис . Бројот на возила со кои располага денес Металтерм е вкупно 12 со кој возен парк се опслужуваат сите клиенти на целата територија на Македонија.

    Добавувачи
    Металтерм ДОО работи со големи и коректни партнери, главно од Западна Европа. Имаме стекнато доверба од околу 100на производители да ги диструбиураме нивните производи низ Македонија. Сите производи се придружени со сертификати и декларации кои гарантираат квалитет и безопасност за употреба во инсталациите.

    Цел
    Нашето главно правило е да одржуваме близок контакт со нашите клиенти се со цел да ги задоволиме нивните потреби, врз основа на сигурност и меѓусебна доверба. Нашата основна цел е континуирано подобрување на квалитетот на услугите на клиентите и обезбедување на производи со висок квалитет и стандарди како и проширување на асортиманот преку нови добавувачи.

    Мото
    Нашето мото е ЗАДОВОЛЕН КУПУВАЧ = ДОБРА УСЛУГА + ДОБРА ЦЕНA